Во Тајпеј, главниот град на Тајван, работодавците им даваат на младоженците одум дена платен годишен одмор, па маж кој работел како службеник во банка одлучил неколку пати да ја искористи таа можност.
Тој три пати се развел и четири пати се оженил, за да го искористи платениот одмор кој му следува при стапување во брак.
Со оглед на тоа дека се женел четири пати, му следувале 32 дена одмор, но, банката сепак тоа не му го дозволила.
Првиот пат добил слободни осум дена, но кога се развел само неколку дена по стапувањето во брак, работодавачот сфатил што му била намерата. Затоа секој следен пат одбил да му даде слободни денови.
Младоженецот смета дека имал законско право на тоа, па ја тужел банката. Судот пресудил во негова корист, а работодавачот морал да му исплати 20 илјади тајвански долари, односно нешто помалку од 600 евра, пренесува LADbible.
Извор: Телеграф.рс