(ВИДЕО) Спектакуларно шоу на Србинот: Јокиќ уште еднаш ја истакна кандидатурата за МВП во НБА – ММС
ММС

Објавено на: 04/20/21 3:42 PM

(ВИДЕО) Спектакуларно шоу на Србинот: Јокиќ уште еднаш ја истакна кандидатурата за МВП во НБА

Ги нема Мареј, Морис, Гризлис е добар тим? Нема проблем. Никола Јокиќ „меле“ пред себе и нема намера да застане.

Србинот синоќа приреди спектакуларно кошаркарско шоу против ривалот на Западот, Мемфис Гризлис, во тесната победа од 139:137 по две продолженија. Индивидуална партија вредна МВП награда. Шутевите од игра на плејмејкерот заробен во тело од центар изнесуваа 65 отсто. Разновидноста во обидите од дистанца и полу-дистанца, проследени со асистенциите „од никаде“, претставуваа нерешелива енигма за одбраната на Гризлис.

-Повеќе од јасно е кој е вистинскиот МВП во лигата, изјави кратко неговиот соиграч Мајкл Портер Џуниор.

И како да не биде. Српскиот центар забележа 47 поени, 15 скокови и осум асистенции, со одличен шут од игра и „само“ шест обиди за постигнување кош од слободните фрлања. На некогашниот центар на Мега ова не му е непознато, бидејќи претходно 12 пати запишал бројки 47 +, 15+ и 8+.

Teшко издвојуваната победа на Нагетси по продолженијата, ги однесе место погоре во поредокот на Западната конференција пред Лос Анџелес Лејкерс, а друштво на врвот на листата на стрелците на Јокиќ му правеше фантастичниот Џа Морант со 36 постигнати поени, 12 асистенции и осум скокови.

-Тој е генијалец, човеку. Кошаркарски генијалец. Ја игра играта како да игра шах, секогаш три чекори пред сите, изјави Арон Гордон за „The Athletic“, непосредно по финишот на возбудливиот двобој.

 

 

 

 

Фото:

Twitter / @nuggets

д.ј