Поради влошената состојба со вирусот ковид-19 во месеците април и мај 2021 година, голем дел од јавните здравствени установи работат како ковид центри и заради непречено издавање на рецепти, боледување и ортопедски помагала, Фондот за здравствено осигурување информира дека за да им излезе во пресрет на осигурените лица во овој период, важењето на специјалистичките извештаи кое беше со датум не постар од 1 декември 2019 година, го врати со датум не постар од 1 октомври 2019 година.
– Од 1 април 2021 година со важност се медицинските извештаи со датум не постар од 01.10.2019 година. Тоа значи дека осигурениците за да ги остварат горенаведените права, ќе биде потребно да ги обноват соодветните специјалистички извештаи/конзилијарни мислења. За отпусното писмо постаро од 01.10.2019 година ќе биде потребно да се достави соодветен специјалистички извештај/конзилијарно мислење за остварување на горенаведените права.
Од 01.05.2021 година со важност ќе бидат медицинските извештаи со датум не постар од 01.10.2019 година. Тоа значи дека осигурениците за да ги остварат горенаведените права, ќе биде потребно да ги обноват соодветните специјалистички извештаи/конзилијарни мислења.
За отпусното писмо постаро од 01.10.2019 година ќе биде потребно да се достави соодветен специјалистички извештај/конзилијарно мислење за остварување на горенаведените права, се наведува во соопштението на ФЗО.