Кочанец влегол во маркет во кој работела неговата сопруга и од кутија одзел 120.000 денари. Во маркетот влегол, откако претходно без знаење на сопругата ги зел клучевите. Полицијата го расчистила случајот парите се одземени и вратени на сопственикот.
„По преземени мерки и активности, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани расчистија „тешка кражба“ извршена ноќта на 18/19.04.2021 од маркет на ул.„Маршал Тито во Кочани, за кое осомничен сторител е А.С., сопруг на вработена во маркетот. Осомничениот А.С. ги земал клучевите без знаење на сопругата, влегол во маркетот и од кутија одзел околу 120.000 денари,“информираат од Полицијата.
Од тука додаваат дека паричните средства се одземени и вратени на сопственикот. Се работи на комплетирање на случајот по што против А.С. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.