Островот Горе во Сенегал, којшто пред два века беше центар на трговијата со робови од Африка за Америка и Европа, сега се истакнува како најважна туристичка дестинација во земјата, пишува Агенција Анадолија (АА).
Островот Горе, кој се наоѓа на 2 километри од главниот град Дакар, беше последната станица на Африканците кои се продаваа како робови во 1800-тите години, пред да се качуваат во бродовите.
Затоа овој остров е наречен „Пат без враќање“. Сега островот привлекува голем број туристи секоја година.
Островот, каде што како затвореник се чувал и Кунта Кинте, кој стана симбол на нехуманиот третман кој го претрпеа Африканците, може да биде посетен со траекти што заминуваат на секој час од пристаништето во Дакар.
На островот сè уште се наоѓаат траги од француските колонијалисти.
– На островот живеат околу илјада луѓе –
Во островот, кој се наоѓа на Листата на светско наследство на Организација за образование, наука и култура на ОН (УНЕСКО) живеат околу 1.000 луѓе.
Само една од 28-те робовски куќи во Горе е реставрирана во првобитната форма и се користи како „Музеј на робови“.
Во музејот се изложени предмети од тој период, особено подрумите каде што чекале робовите, садовите од коишто јаделе, оковите закачени на зглобовите и глуждовите.
На островот покрај сликите во масло, кои ги прикажуваат африканските луѓе и нивниот секојдневен живот, на посетителите им се нудат и предмети кои се карактеристични за регионот.
Меѓу другото островот продолжува да биде домаќин на политичари, како и на голем број уметници и историчари.