Во период од една година, двајца штипјани сториле дури девет кривични дела.Тие влегувале по куќи, викендички, помошни објекти, објекти во изградба, краделе возила но и електрични апарати. Полицијата ги фати.
„По преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Штип расчистија девет кривични дела „тешка кражба“ за кои постои основи на сомнение дека се сторени од Е.А.(18) и К.Ј.(39) и двајцата од Штип. Против нив до Основното јавно обвинителство Штип ќе биде поднесена соодветна кривична пријава,“ се вели во соопштението од Полицијата.
Осомничените, како соизвршители, во текот на 2020 и почетокот на 2021 ги извршиле деветте кривични дела „тешка кражба“ на подрачјето на град Штип.Тие насилно влегувале во куќи, викендици, помошни објекти, објекти во изградба и патничко моторно возило од каде одземале најразлични предмети, рачни и електрични апарати.
Дел од предметите се пронајдени, одземени и вратени на оштетените граѓани.