Прв онлајн Саем на книга на kniga.mk – ММС
ММС

Објавено на: 04/19/21 12:17 PM

Прв онлајн Саем на книга на kniga.mk

Веќе традиционалниот пролетен Саем на книга и покрај пандемиските околности ќе ги израдува своите читатели. Првата македонска интернет-книжарница добива нов изглед и продолжува со организирање на Саемот на книгата.

Од 19-ти до 30-ти април на интернет страницата www.kniga.mk, љубителите на книгата ќе можат да го изберат нивното омилено дело и од дома да уживаат во пишаниот збор.

-Ново онлајн саемско искуство од 19 до 30 април на првата македонска интернет-книжарница – www.kniga.mk. Веб-книжарницата која речиси 20 години ги поврзува книгите и читателите нудејќи виртуелно книжевно искуство од денес ги отвора вратите на својата нова и модерна книжарница која оди чекор понапред во дигитализација на својата понуда и со извонреден избор на печатени, но и електронски изданија достапни за сите читатели, во секој дел од светот. Изборот што го нуди kniga.mk е единствен, читај електронски книги на својот уред веднаш, или нарачај ги омилените книги на својата адреса најбрзо и најповолно, стои во соопштението на издавачки центар „Три“.

Оваа година, во чест на Светскиот ден на книгата и традицијата на одржување пролетен Саем на книгата, kniga.mk организира ново онлајн саемско искуство. Од денес, па сѐ до крајот на април, избор од над 600 изданија од ТРИ, Паблишер, но и од уште 13 други издавачи ќе бидат на попусти до 70 %, а испораката над 1.000 денари ќе биде бесплатна. Оваа саемска понуда ќе биде достапна за сите читатели, а процесот на нарачување на книгите и испораката што ги нуди kniga.mk се брзи и безбедни. Од денес, секој има Саем на книгата дома, додаваат тие.