Хрватска: Мало девојче почина затоа што мајката ја претепа до смрт, институциите се уште утврдуваат кој е одговорен – ММС
ММС

Објавено на: 04/19/21 9:32 AM

Хрватска: Мало девојче почина затоа што мајката ја претепа до смрт, институциите се уште утврдуваат кој е одговорен

Завршил  стручниот надзор на хрватската психолошка комора во случајот на малото 2,5 годишно девојче Никол, кое почина откако нејзината мајка  ја претепала до смрт додека семејството било под надзор на Центарот за социјални работи.

Според нив, немало пропусти во работата на психологот на Центарот за социјална работа во Нова Градишка. Заклучокот на Комората на социјални работници сè уште се чека.

По анализата на резултатите од сите надзори, и административната и психолошката комора, како и комората на социјални работници – Министерството за труд, пензии, семејство и социјална политика, ќе донесат конечна одлука дали – и каде – имало пропусти во целиот случај.

„Можам да признаам дека имаме структурни проблеми во областа на социјалната заштита, но уверувам дека целосно се ќе  се посветам на нивно отстранување“, рече министерот за труд, пензиски систем и социјална заштита Јосип Аладровиќ на 3 април.

Социјалниот работник кој беше одговорен за починатата девојка беше распореден на друга работа.

Полицијата потврди дека мајката ја малтретирала својата ќерка на тој кобен  31 март, удирајќи ја по главата и целото тело. Од силината на ударот, девојчето се здобило со тешки повреди на главата и телото, по што паднало во кома. Таа била хоспитализирана, но повредите биле фатални. Никол почина на детската клиника во Загреб.

Девојчето често физички било злоставувано од двајцата родители во последните пет месеци, поради што имала видливи хематоми на телото. надлежните служби ја одзедоа од нејзините родители, живееше во згрижувачко семејство но  поради одлуката на Центарот за социјални работи, и покрај ризикот, била вратена кај родителите. Нивната одлука заврши со смрт на невино дете.

espreso.co.rs

Nikoll, Foto: Facebook