Најголемите фудбалски клубови најавија отцепување од УЕФА – ММС
ММС

Објавено на: 04/18/21 7:48 PM

Најголемите фудбалски клубови најавија отцепување од УЕФА

УЕФА утре би требало да го претстави планот за новата Лига на шампиони. Според тој план од сезоната 2024/25 во најсилното европско натпреварување би настапувале 36 клуба и не би се играла групна фаза. Би имало повеќе натпревари и поголема заработка за клубовите.

Меѓутоа, најголемите европски клубови не се задоволни ниту со оваа промена и сакаат лига само за себе. Италијански Газета Дело Спорт јавува дека УЕФА на овие клубови ќе им се закани со исфрлување од своите натпреварувања.

Европската Суперлига би била натпреварување одвоено од УЕФА во кое треба да учествуваат најголемите и најбогатите клубови во Европа, со исклучок засега на ПСЖ, Баерн Минхен и останатите француски и германски клубови, како и Манчестер Сити кој се уште нема конкретен одговор.

Ова натпреварување ќе има и свое раководство, а истото ќе го сочинуваат претставници на клубовите кои ќе учествуваат во тоа натпреварување.

Како што пренесуваат европските медиуми, претседател на ова натпреварување ќе биде првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, а потпретседатели би требало да бидат Стен Кренке од Арсенал, Андреа Ањели од Јувентус, Џон Хенри од Ливерпул и Џоел Глејзер од Манчестер Јунајтед.

Реакциите не стивнуваат, а првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас испрати жестока порака до оние шпански клубови кои го поддржуваат новото натпреварување и кон Флорентино Перез, кој треба да биде првиот претседател на европската Суперлига.

курир.мк