Ранет војник на АРМ за време на воена вежба на „Криволак“ – ММС
ММС

Објавено на: 04/18/21 6:52 PM

Ранет војник на АРМ за време на воена вежба на „Криволак“

Припадник на АРМ се здобил со прострелна рана од пиштол за време на воени вежби што се одвивале на воениот полигон „Криволак“. Повредениот кој бил ранет  во стапалото бил пренесен во кавадеречката болница, каде му била укажана лекарска помош.

„На 17.04.2021 во 13,45 часот во Полициска станица Неготино било пријавено дека околу 13,00 часот при изведување воени вежби на војниот полигон „Криволак“ припадник на Армијата се здобил со прострелна рана од пиштол во пределот на стапалото. Повредениот бил пренесен во Општата болница Кавадарци за укажување на лекарска помош,“ иформираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ОВР-Кавадарци.