Новооткриените 3000 метри квадратни плац на Водно и два стана на Никола Груевски, замрзнати – ММС
ММС

Објавено на: 04/18/21 10:35 AM

Новооткриените 3000 метри квадратни плац на Водно и два стана на Никола Груевски, замрзнати

Новооткриените 3.000 метри квадратни плац на Водно и двата стана на екс премиерот Никола Груевски, се замрзнати со одлука на Основен кривичен суд. Ова за САКАМДАКАЖАМ.МК  го изјавил  државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Јовески за порталот СДК.МК вели дека на хартија фигурираат други имиња, но дека Обвинителството изнело докази пред Судот дека становите се на Груевски.

Засега никој не поднел жалба на одлуката на судот иако се поминатити десет дена. Груевски од Унгарија негираше дека становите се негови, наводно ги изнајмил под кирија. Од Обвинителството  сметаат нека е необично што сопствениците се уште не поднесуваат жалба.

На Водно не биле замрзнати сите нелегално купени плацеви на Груевски, туку само поскапите, кои од шума, биле трансформирани во градежно земјиште, со повеќекратно зголемена цена за метар квадратен.

Засега Обвинителство нема да се занимава со  становите на мајка му на Груевски, Надежда. Нема да биде замрзнат ниту станот во Капиштец, додека тој во Аеродром бил продаден.