Во велешката болница хоспитализирани се вкупно 88 пациенти, од кои 75 се потврдени позитивни на Ковид-19, тројца сомнителни и десет пациенти со негативен брис, но задржани на болничко лекување, споредено со вчера кога беа вкупно 95 пациенти, што е за седум помалку.
-На кислородна поддршка денеска се 38 пациенти, а вчера 42, што значи се намалува и бројот на тешки случаи на кислородна поддршка, изјави денеска портпаролката на болницата д-р Елеонора Јованова.
Испишани се седум пациенти како оздравени со негативен тест за Ковид 19.
Почината е една пациентка на 69 години од Свети Николе, позитивна на коронавирусот и лекувана два дена во Модуларната болница. Во текот на вчерашниот ден, еден пациент на 67 годишна возраст е преместен во приватната болница „Систина“ во Скопје.
МИА