Беше многу весела девојка, секогаш насмеана и му се радуваше на животот, вели Мартин Белчовски од селото Русиново, беровско, за својата сестра Верица, која на само 20 години го загуби животот, но нејзинот срце по синоќешната трансплантацијата почна да чука во друг млад живот.
Солзи и непребол во семејството Белчовски, за загубата на нивната најмала ќерка Верче, која несовесен возач на седми април ја удрил на пешачки премин во Струмица. Како што вели нејзиниот брат Мартин, возачот побегнал од местото, а Верче се здобила со тешки повреди кои ја чинеа живот.
-Верче не успеја да ја добие борбата за живот, низ солзи вели Мартин за ММС.
Токму таа борба за живот, и невработеноста пред неполна година семејството Белчовски ги разделило во два града. Синот Мартин, кој е вработен, останал со сопругата во Берово, додека таткото Кирил, мајката Душана со двете ќерки Ана и Верица се преселиле под кирија во Струмица. Кирил уште не успеал да најде работа и по девет месеци преселба, но трите дами во семејството некако се снашле.
-Јас изгубивме најмалата во семејството. На „Благовец“ во Струмица на пешачки премин ја удри момче од 18 години и побегна од местото. Колку што јас знам кога дознале дека колата со која ја удриле сестра ми била пронајдена, тој подоцна сам се пријавил во полиција. Во Берово е многу тешко да се најде работа, затоа мајка ми и татко ми со сестрите се преселија во Струмица. Татко ми сеуште е невработен, мајка ми работеше во еден маркет, па требаше да се префрли во друг и откако се случи ова не знам што ќе биде. Постарата сестра Ана (23) работи во спортска обложувалница, а Верче работеше во кафуле. Под кирија се, мораа да заминат, од Берво се преселија бидејќи нема работа, секаде е полно и со ниски плати. Целото семејство ми отиде , само јас останав во Берово, само јас работев, вели низ солзи Мартин.
Кога семејството Белчовски сватиле дека ја изгубиле Верче решиле да бидат хумани и да ги донираат срцето и бубрезите.
-Кога сестра ми ја удриле со колата поради сериозноста на повредите однесена е дирекно во Скопје. Лекарите ни кажаа дека откажал мозокот, дека е констатирана смрт, а дека органите се здрави. Без размислување се сложивме да ги донираме. Ова може секому да се случи, можело и на сестра ми да и требале органи. Во животот никогаш ништо не се знае. Тоа ни даде сила и затоа одлучивме да ги донираме за да спасиме нечиј живот. А сестра ми веќе ја нема и нема никогаш да ни се врати, ни рече низ Солзи Мартин.
И покрај тоа што се преселиле во Струмица, тие и понатаму се жители на Берово, вели градоначалникот Звонко Пеќевски. Тој ММС рече дека на семејството Белчовски ќе им биде дадено признание.
-Ние како општина му стоиме на располагање на семејството, кое покажа голем гест со донирањето на органите на Верче, ни рече тој.
Министерот Филипче вчера на прес конференција објави дека донирани се срце и бубрези од млада девојка која починала поради тешките повреди добиени од сообраќајна незгода, а доцна синојка на својот Фејсбук профил и го објави стартот на трансплантацијата. Рано утрово, пак, напиша:
Фотографиите се објавени со дозвола на Мартин Белчовски
Весна Миленковска