(ВИДЕО) Кога тренерот ќе побесни на арбитарот: Хитлер и Наполеон да бидат пред мене, би го застрелал судијата – ММС
ММС

Објавено на: 04/16/21 10:45 PM

(ВИДЕО) Кога тренерот ќе побесни на арбитарот: Хитлер и Наполеон да бидат пред мене, би го застрелал судијата

И покрај воведувањето на ВАР-системот и навидум олеснетата работа на судиите на фудбалските натпревари, делителите на правдата сè уште знаат да бидат во центарот на вниманието, на поприлично негативен начин. Генералниот впечаток е дека арбитражата во Европа е на ниско ниво, а фановите, играчите и тренерите по завршувањето на натпреварите повеќе го коментираат судењето, отколку играта и случувањата на теренот.

Тренерот на рускиот тим Ростов Уни, Виктор Зубченко, упати брутални коментари за судиските одлуки на мечот во кој очигледно неговиот тим не остварил добар резултат. За Зубченко изборот е лесен. Доколку пред него би биле Хитлер, Наполеон и судијата и би имал само два куршуми, двата би ги искористил да го застрела судија.

 

-Одлично ни одеше, а потоа во второто полувреме се случија некои судиски одлуки кои не можев да ги разберам воопшто, тотално необјасниво, да бидам искрен. Да бидам сликовит и да разберете колку го мразам овој судија ќе ви го кажам следното. Доколку пред мене ги имам најомразените два ликови во светот, Хитлер и Наполеон, заедно со овој судија и поседувам само два куршуми, двата ќе ги искористам за да го застрелам судијата. Директен сум, но не разбирам што беше она на теренот, тежок кошмар, изјави Зубченко.

Дали Руската фудбалска федерација ќе реагира на острите зборови на Зубченко, ќе покаже времето. Во секој случај, доколку некогаш во животот го сретнете предводникот на стручниот штаб на универзитетскиот тим на Ростов, немојте, ве молиме немојте да му го споменувате судијата. Или терминот „судија“, воопшто.

 

 

 

Фото:

voicepress.com

д.ј