Генералниот секретар на Кубанската комунистичка партија, Раул Кастро, денес побара „дијалог со почитување“ помеѓу Куба и САД, но без „отстапување од социјализмот“ и додаде дека се повлекува од политичкиот живот.
-Ја потврдувам на овој конгрес на партијата волјата за воспоставување дијалог со почитување, нов облик на односи со САД, но без отстапување од принципите на револуцијата и социјализмот, рече Кастро на конгресот кој е означен како историски, бидејќи означува крај на ерата на браќата Кастро.
Деведесетгодишниот Раул Кастро во понеделник и официјално ќе му го отстапи водството на партијата на претседателот Мигел Дијаз-Канел. Дијаз-Канел претходно изјави дека ќе продолжи по истите стапки на Раул и Фидел Кастро.
Тој е првиот претседател роден по Кубанската револуција во 1959 година. Фидел и Раул Кастро ја водеа Куба приближно 60 години и од тој остров направија главен актер во „Студената војна“, успевајќи да го задржат комунизмот и покрај падот на Советскиот сојуз, јавува „AFP“, а пренесува „Beta“.
Фидел Кастро почина на 25 ноември во 2016 година, а погребан е на гробиштата во Сантијаго де Куба, местото од каде што започнала Кубанската револуција.
Извор:
politika.rs
Фото:
globalnew.ca