Престојот во природа за многумина е поврзување со неа, бистрење на мислите и впивање на сето она што го нуди природата како на дланка. Консумацијата на природните убавини што ги нуди една земја, најдобро може да придонесе за менталното и физичко здравје, преку планинарење, пешачење, возење велосипед па дури и екстремно спортување за оние со авантуристички дух.
Едно такво момче кое потекнува од Македонија, а моментално престојува во Швајцарија поточно во Луцерн знае и тоа како да ужива во сето она што го нуди природата, знае како да ја впие и максимално да ужива во она што го прави. Станува збор за Кристијан Огњановски кој заедно со неговиот планинарски ранец, шатор и камера трага по неговата Хајди во планините. Но, додека ја сретне Хајди, тој сам, а понекогаш и во друштво се препушта на големите планински масиви во сите годишни времиња од годината и ги освојува.
Ова интервју со Кристијан неизбежно го почнавме со прашањето за моменталната состојба со корона вирусот во местото каде престојува – Луцерн, кој буквално е присутен на секоја точка од Земјата. Тој вели дека состојбата таму е прилично лоша, веќе 4 -ти месец се затворени кафулињата, рестораните, теретаните и базените.
„Живеам во Луцерн овде од почетокот на пандемијата немаме никакви карантини или полициски час како во Македонија, бидејќи свеста и културата им е на прво место ги почитуваат сите мерки што ги наложува државата. Па се надеваме што побрзо да се вакцинираме сите и да почнеме да функционираме во нормала“, вели Кристијан за ММС
Тој во Швајцарија е повеќе од година ипол, вели дека е релативно нов во нова средина и полека се навикнува на луѓето и нивната култура, за која вели дека многу ја почитува. Одлуката да замине од Македонија била од авантуристичка природа, но Швајцарија не била случаен избор.
„Едноставно така одлучив да се впуштам во една нова авантура и тоа не било каде туку во Швајцарија која е мојата најпосакувана земја бидеќи има се што посакувам за моето хоби. И секој нов ден се повеќе го сакам бидејќи ми носи изненадувања и нови авантури, ја истражувам средината и културата на луѓето која е за восхит и има што да се научи и да се пренесе на идни генерации“, раскажува Кристијан.
А да престојуваш во Швајцарија и да не ги посетиш преубавите планински врвови, езера, водопади, е навистина грев. Едноставно тој не може да одолее на таа природа.
Welcome to paradise 🗻🏕️🇨🇭
#alpsmountains#mountains#bergen#lifeadventure#oeschenensee#lake#nature#travel#camping #campinglife#dronepanorama
Posted by Kristijan Ognjanovski on Friday, November 6, 2020
„Покрај тоа што работам во текот на неделата со нетрпение го чекам викендот за да можам да истражам ново место. Благодарение на атрактивните туристички места кои имаат овозможено апликации (карти) за да се информираш, достапни се сите локации кои сакаш да ги посетиш. Најчесто одам сам бидеќи тука сеуште немам пријатели кои имаат слично хоби(се би дал да ми е тука друштвото за на планина од Македонија) и поради тоа некогаш преземам ризик и голема одговорност за да искачам некои планински предели, но секако границата за безбедност е на прво место“, вели Кристијан.
Патувањето од една до друга локација, не претставува потешкотија за него бидејќи до секое место постои превоз кој ќе му овозможува да стигне до поскауваната дестинација. Околку транспортот Кристијан најчесто го одбира возот.
„Благодарение на прочуената швајцарска железница има овозможено линии буквално до секоја туристичка локација. Имаат направено пресметка билетот за воз да чини исто толку пари како да патуваш со автомобил и да плаќаш паркинг дополнително. Целта им е повеќе да се користи воз отколку автомобили и воедно си ја заштитуваат средината од загадување“, раскажува Кристијан.
Она што досега најмногу го воодушевило Кристијан е еколошката култура и високата свест на луѓето дека треба да се грижат за животната средина.
How can nature 🏔️ be so beautiful 😍
#switzerland#suisse#bachalpsee#grindelwald#swissalps#alps#mountains#bergwelten#bergliebe#amaizingswitzerland#discoverswitzerland#heidiland#dronepanorama @ Bachalpsee
Posted by Kristijan Ognjanovski on Monday, October 19, 2020
„Најмногу до сега ме воодушеви природното богатство на оваа земја, тоа што на прво место им е еколошката култура. На пример еден планинарски дом кој се наоѓа покрај глечер никако не смее да загадува со фекалии бидеќи таа вода од глечер логички ја употребуваме за пиење, имаат илјадници домови кои си водат грижа и почитуваат закон. И секако за восхит е колку вложуваат во планинскиот туризам затоа што тоа најмногу и имаат планини. За жал и ние во Македонија имаме преубави планини, но ништо од планински туризам“, вели Кристијан.
Досегашниот рекорд на Кристијан е 20 посетени врвови, каде и најчесто престојува и неколку денови со кампување, па дури и во снег каде обично се прави посебен простор за ноќевањето или престојот на планина, на планинарот да му биде поудобно и потопло.
„За мојот релативно краток престој во Швајцарија посетив многу планински места и искачив 20 – на врвови, го користам секој викенд секако кога дозволуваат временските услови. За мене е вистинско доживување кога кампувам и преспивам на местата или на врвот од планината, па дури и во направен бивак од снег затоа што го користам максимално погледот што ми го овозможува природата“, вели Кристијан.
А за тоа што имаат швајцарските планини, а немаат нашите македонски, тој вели:
„ Според мене секоја планина си има своја убавина, во Македонија имаме прекрасни планини, врвови, планински езера, реки кои ние планинарите ги чуваме. Но, залудно е кога друга категорија на луѓе ги уништуваат. Ете тоа е разликата. Тука бесценето ги чуваат и се е чисто органско и еколошко. Интересно е што тука не постојат планинарски друштва како кај нас што одиме по 50 или многу повеќе организирани луѓе, тука се е индивидуално одењето на планина, има опција да изнајмиш лиценциран планинарски водич кој го знае многу добро врвот, но тој лимитира број на планинари зависно од тежината на рутата. Цените се премногу високи за изнајмување на планинарски водич. Луѓето што ги сретнувам на планина (планинари) се многу љубезни комуникативни без разлика кој од каде е сите имаме заедничка тема и цел (планината) со тоа ми предложуваат секогаш нови и интересни места“, вели Кристијан.
Сите оние кои го негуваат планинаскиот дух слиично како Кристијан, а имаат желба и можност да ја посетат Швајцарија, тој даде предлог локации кои може да бидат запишани на вашата „задолжителна листа“.
Disconnecting from the world 🏔️
#switzerland🇨🇭#campinglife#mountainlovers#bergwelten#hiking#bergsteigen#crazy#expirience#lifeadventure#enjoylife#nevergiveup#exploremore
Posted by Kristijan Ognjanovski on Wednesday, February 24, 2021
„Јас лично би препорачал неколку планински места да се посетат во Швајцарија кои мене ме маѓепсаа, Долината Lauterbrunnen која има 72 водопади, а највисокиот водопад е 297 метри висок, исто така би го препорачал прекрасното место Zermat кое има прекрасен поглед кон познатиот врв Matterhorn (Toblerone)“, вели Кристијан.
Инспиративната приказна на Кристијан, можеби ќе влијае и на вашата желбата кој е всушност најважна. Не мора да биде некој врв за кој ќе ви треба добра физичка одготвеност, нека биде наблиската планина кој е во близина на вашиот град. Започенете од таму, а потоа водете се по вашата желба, можеби еден ден вашите планински амбиции ќе се зголемат. Овој период додека трае пандемијата, шетањето во природа е можеби еднинствената можност каде може да се наполните со позитивна енергија и да им се посветите на вашите мисли.
Габриела Додевска