Џенифер Лопез неодамна на Бахамите го прослави својот 49-ти роденден, но сè што е убаво кратко трае, па така и латино дивата поради обврските морала да се врти во Њујорк.
Во градот во кој „никој не спие“, американската актерка и пејачка со потекло од Порторико, фотографирана е во „жешко“ летно издание. Имено, Џеј Ло предизвикала вистинско модно поместување, кога на улиците во Њујорк се појавила во бела машка кошула и високи трапер чизми.
Истиот стајлинг го обожува и младата пејачка Ариана Гранде (25), но предимензионалните чизми кои неодамна ги носела Ријана (30), многумина се согласија дека е невозможно да се надминат.
https://www.instagram.com/p/BhmfiJiDsC8/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
Преземено од: tocka