„Четврта среќа“ за тимот од Чаир кој сезоната ја започна со многу високи очекувања и шампионски амбиции.
Поранешниот македонски репрезентативец, Гоце Седлоски, седна на клупата на фудбалскиот клуб Шкупи. По професионалниот ангажман во резервниот тим на Динамо Загреб, Седлоски се враќа во мак-фудбалот како тренер со две титули шампион во домашното првенство и ќе се обиде да ја заврши сезоната на највисока можна позиција.
Иако титулата по сите изгледи сезонава ќе оди во Тетово, Седлоски стави потпис на едногодишен договор со Шкупи. Тој изрази голема благодарност кон челниците на скопскиот тим за изразената доверба и истакна дека неговите лични амбиции целосно се совпаѓале со амбициите на клубот.
Седлоски е четвртото име на клупата на Шкупи во оваа 2020/21 кампањата. Досега тие се разделија со Бајрами, Каран и Озер.
Фото:
Facebook / FK Shkupi