Платформата пријателите на Шара: Додека траат процедурите за прогласување на Шара за национален парк да се одземат концесиите за изградба на нови хидроцентрали – ММС
ММС

Објавено на: 04/16/21 4:14 PM

Платформата пријателите на Шара: Додека траат процедурите за прогласување на Шара за национален парк да се одземат концесиите за изградба на нови хидроцентрали

Од Платформата пријателите на Шара, бараат додека траат процедурите за прогласување на Шара за национален парк да се одземат концесиите за изградба на нови хидроцентрали.

Ако се дозволи изградба на нови хидрицентрали во недопрениот дел на Шара бадијала ќе биде нејзината заштита, велат од Платформата пријателите на Шара. Оттаму бараат под итно да се одземат концесиите за изградба на нови хидрицентрали.

Тие го поздравуваат првото читање на законот за прогласување на Шара за Национален парк. Се надеваат дека постапката ќе продолжи. Прогласувањето ќе биде првиот чекор од заштитата на планината, велат од платформата пријателите на Шара.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање, велат дека водат преговори со дел од инвеститорите да се откажат од изградба на хидроцентрали, а од некои концесионери веќе добиваат позитивни сигнали

Единаесет хидроцентрали на Шара се веќе во функција, девет се во фаза на изградба а за уште пет се дадени концесии во најдлабокиот и недопрениот дел од планината, но за нив не се започнати никакви градежни активности.

 

 

 

Зоран Димовски