Според извештајот на Центар за јавно здравје Куманово, водата од јавната чешма, каптажа во кривопаланечкото село Дурачка Река, наречена „Стојанчева чешма“ не е безбедна за пиење. Чешмата се наоѓа покрај самиот локален пат.
– Во наодот по извршените лабораториски испитувања од Центарот за јавно здравје Куманово се наведува дека во водата е зголемен бројот на аеробни бактерии во еден милилитар, неверојатен број на колиформни бактерии во 100 милилитри и присуство на ешерихија коли бактерија – индикатор на фекално загадување на водата, информираат до локалната самоуправа на општина Крива Паланка.
Оттаму согласно препораките на Центар за јавно здравје, ги информираат граѓаните и месното население за ваквата состојба со водата од јавната чешма, со препорака истата да не ја користат за пиење и производство на храна.
Општината треба да постапи по препораките од извештајот, да се изврши редовна дезинфекција и кондиционирање на водата за да може истата да се користи за пиење.
Извор:МИА