(ВИДЕО) „Не ми требаат ракоплескачи, тоа може и од дома да се прави“, Ѓоковиќ гневен на Вајда во поразот во Монте Карло – ММС
ММС

Објавено на: 04/15/21 8:28 PM

(ВИДЕО) „Не ми требаат ракоплескачи, тоа може и од дома да се прави“, Ѓоковиќ гневен на Вајда во поразот во Монте Карло

На „земјата“ во Франција денес се случи тениска сензација. Српскиот тенисер и светски рекет број еден, Новак Ѓоковиќ, во третото коло на мастерсот во Монте Карло беше елиминиран на „домашен терен“ од британскиот тенисер Даниел Еванс со 2:0 во сетови (6:4, 7:5).

Tриесет и третиот на АТП листата приреди навистина огромно изненадување и после два часа и осум минути игра го исфрли еден од најдобрите играчи во историјата на „белиот спорт“.

Еванс непосредно по завршувањето на дуелот, изјави дека за ова победа ќе раскажува на своите внуци како го победил најдобриот светски тенисер. Британецот не само што го порази Ѓоковиќ, туку успеа да се врати во вториот сет по заостанување од 3:0 во гемови и да ја оконча големата победа.

И покрај традиционалната непријатност на српскиот тенисер на подлогата на земја, се чинеше дека Ѓоковиќ физички не може да го издржи наметнатото темпо од опонентот. Немоќта да направи камбек и фрустрацијата од лошото индивудално издание, најубаво ја почувствува неговиот тренер, Мариан Вајда.

-Не ми се верува. Не ми се потребни ракоплескачи. Тоа може и од дома да го правиш. Од дома може истото, знаеш, цинично гестикулираше Ѓоковиќ кон неговиот тренер кој го бодреше од трибината.

 

Сега веќе главниот фаворит за пехарот во Монако, Рафаел Надал, полесно од очекувањата го порази Бугарот, Григор Димитров, со 2:0 во сетови (6:1, 6:1) и закажа четвртфинале со рускиот тенисер Андреј Рубљев.

 

 

 

 

д.ј