(ВИДЕО) Дончиќ едноставно може сѐ, бразилскиот коментатор „полуде“ после победничката тројка на Словенецот – ММС
ММС

Објавено на: 04/15/21 6:24 PM

(ВИДЕО) Дончиќ едноставно може сѐ, бразилскиот коментатор „полуде“ после победничката тројка на Словенецот

На семафорот преостануваат уште 30, 20, 10, или 1,8 секунди до крајот на мечот? Нема никаков проблем. Тука е Лука Дончиќ, тука е идната ѕвезда број еден во НБА лигата, без никаква претенциозност и субјективност поврзана со балканското поднебје.

На 1,8 секунди до истекот на регуларното време и при резултат 113:111 за Мемфис Гризлис, словенечкиот репрезентативец ја прими топката свртен со грб, се насочи кон противничкиот кош и со една рака во полу-пад со звукот на сирената постигна кош за три поени и му обезбеди победа на Далас Маверикс.

Победата на екипата на Рик Карлај има дотолку повеќе значење, бидејќи Гризлис и Маверикс се борат за последните позиции кои водат во плеј-офот, а со овој триумф Далас се искачи на седмата позиција во Западната конференција.

Поранешниот кошаркар на Реал Мадрид мечот го заврши со 29 поени, девет асистенции и пет скокови, додека пак во чекор го следеа Ален од противничкиот табор со 23 постигнати поени и Порзингис со 21 поен.

Неверојатниот шут на играчот кој „лека полека“ станува „клач“ во најдобрата светска клупска лига, бразилскиот коментатор на дуелот помеѓу Далас и Мемфис го доведе до „лудило“.

 

Мајсторството не познава години. Да уживаме додека трае.

 

 

Фото:

Twitter

д.ј