Ангела Меркел утре ќе се вакцинира со вакцината на АстраЗенека – ММС
ММС

Објавено на: 04/15/21 4:14 PM

Ангела Меркел утре ќе се вакцинира со вакцината на АстраЗенека

Германската канцеларка, Ангела Меркел утре ќе се вакцинира против коронавирусот со вакцината на фармацевтската компанија АстраЗенека.

„Таа е над 60 години и ги исполнува условитe за вакцинација со вакцината на АстраЗенека во Германија“, пишува Daj Velt.

Меркел претходно изрази подготвеност да ја прима вакцината на овој производител, откако вакцината беше суспендирана, па повторно вратена во употреба во Германија. Многу земји одлучија да запрат со употребата на оваа вакцина, поради случаите на згрутчување на крвта кои се поврзуваат токму со неа.

Претходно со истата вакцина во Берлин беше вакциниран и германскиот претседател Франк Волтер Штајнмаер.

Извор:    nova.rs