Прва тужба од семејства на двајца загинати во катастрофалните пожари во Грција – ММС
ММС

Објавено на: 08/1/18 12:19 PM

Прва тужба од семејства на двајца загинати во катастрофалните пожари во Грција

Тужба до обвинителството,  против генералниот секретар за цивилна заштита, префектот на Атика, градоначалникот на општина Маратон, против одговорните за цивилна заштита во периферијата Атика и општина Маратон, против одговорните и надлежните во противпожарната служба и полицијата и кон секој што носи одговорност, поднесоа три семејства на загинати во катастрофалните пожари.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, тужбата ја достави адвокатот кој што е правен застапник на семејствата кои загубија сопруг- татко и мајка. На 70 страници се објаснети аргументите, но и детално е опишано како двете лица ги загубиле животите и што точно се случувало минатиот понеделник.

Седумдесет-годишниот маж, само два дена пред катастрофалниот пожар ја омажил неговата ќерка и целото семејство тие денови било во викендичката во населбата Неос Вуѕас, додека пак 73-годишната, која исто така загина, живеела на долниот кат, во истиот објект.

 

 

Извор:МИА