Изгор цени, а врие од народ – Кои се најскапи градови за живот за време на пандемија – ММС
ММС

Објавено на: 04/15/21 9:25 AM

Изгор цени, а врие од народ – Кои се најскапи градови за живот за време на пандемија

Најнаселениот континент на светот, Азија, остана најскап за ултрабогатите поединци, се наведува во Глобалниот извештај за богатството и животниот стил за 2021 година затоа што брзиот одговор од овој континент на глобалната здравствена криза и вкупната стабилност на валутата ги одржа трошоците на луксузните добра во регионот.

Четири од петте најскапи градови за поединци со имот вреден милион долари или повеќе се наоѓаат во Азија, се наведува во извештајот.

Шангај е на врвот на листата на 25 светски градови кои се прогласени за најскапи места за живот за богатите луѓе. Хонгконг, ланскиот број еден, падна на третото место, додека Токио цврсто се задржа на втората позиција.

Монте Карло, малото кнежевство во западна Европа и Тајпеј на Тајван ја заокружија листата на пет најскапи градови.

Останатите 20 најскапи градови за живот за богаташи се Цирих, Париз, Лондон, Сингапур, Њујорк, Бангкок, Дубаи, Милано, Сиднеј, Барселона, Манила, Франкфурт, Москва, Мајами, Џакарта, Сао Пауло, Мумбај, Мексико сити, Ванкувер и Јоханесбург.

Европа и блискиот Исток го зазедоа второто место на листата на региони каде што животот за богаташите е најскап, додека Северна и Јужна Америка кои се тешко погодени од пандемијата, се појавија како највтини региони за оние со луксузен живот стил.

Извор: Mondo.rs

Фото: https://unhabitat.org/