На Златан Ибрахимовиќ му се заканува казна од 100 милиони евра – ММС
ММС

Објавено на: 04/15/21 9:34 AM

На Златан Ибрахимовиќ му се заканува казна од 100 милиони евра

Златан Ибрахимовиќ (39) се нашол во незгодна ситуација бидеји компанијата во која е тој е еден од инвеститорите има 10 отсто дел од една обложувалница, а ФИФА и УЕФА забрануваат играчите да имаат финансиска корист од обложувалниците, објавиле италијанските медиуми пренесувајќи го пишувањето на шведскиот дневник „Aftonbladet“.

Според пишувањата на споменатиот шведски медиум, компанијата „Unknown Ab“ од Стокхолм во која Ибрахимовиќ има дел, има 10 отсто во обложувалницата „Bethard.com“. Тоа Ибрахимовиќ може многу да го чини, односно парична казна од 100 милиони евра или суспензија од максимално три години.

-За тоа не разговаравме со Ибрахимовиќ и не размислувам за можни санкции. Но, што се однесува на ФИФА правилата, би требало да биде јасно, бидејќи постојат дилеми во врска со неговите размислувања, рекол главниот секретар на Фудбалскиот совет на Шведска, Хакан Сјостранд.

Извор: Sport.avaz.ba