Зденка Боричиќ, сопругата на Иван Боришиќ, професор на Медицинскиот факултет, која неочекувано се појави во кадар додека држеше предавање на Интернет, вели дека и е прилично непријатно заради овој настан, што насмеа многу корисници на социјалните мрежи .
Зденка била во собата со професорот додека тој држел предавање пред студентите пред камерата, но таа морала да ја напушти просторијата, па затоа не сакајќи да го вознемирува, се обиде да го стори тоа на дискретен начин.
Се случи токму спротивното.
– Сакам да ги слушам неговите предавања. Тој е многу динамичен и паметен човек, а исто така и јас студирав медицина се додека не родив синови. Морав да излезам, но не сакав да го прекинувам. И, еве, му направив мала непријатност на мојот сопруг – вели оваа шармантна дама.
Проф. Боричиќ претходно изјави дека воопшто не е среќен што видеото стана хит на социјалните мрежи и дека е подобро студентите да учат отколку да се занимаваат со глупости.