Турција го казни „Гугл” со 36,6 милиони долари поради кршење на Законот за конкуренција – ММС
ММС

Објавено на: 04/14/21 11:04 PM

Турција го казни „Гугл” со 36,6 милиони долари поради кршење на Законот за конкуренција

Турските власти го казнија „Гугл” (Google) со 296 милиони турски лири (36,6 милиони долари) поради кршење на државниот Закон за конкуренција, јавува Агенција Анадолија (АА).

Агенцијата за заштита на конкуренција на Турција објави дека „Гугл” го прекршил законот за усложување на резултатите на пребарување на пазарот на улуги на содржини, со истакнување на текстуални огласи на врвот на своите резултати од пребарувањата со што ги исклучил своите конкуренти.

Истрагата го пфати турскиот „Гугл Рекламџик Пазарлама Лтд” (Google Reklamcilik ve Pazarlama Ltd.), „Гугл Интернешнлал ЛЛС” (Google International LLC), „Гугл ЛЛС” (Google LLC), „Гугл Ирланд Лтд” (Google Ireland Ltd.) и „Алфабет” (Alphabet), матичната компанија на „Гугл”.

Европската комисија во 2019 година на „Гугл” исто така му одреди казна во износ од 1,69 милијарди долари поради кршење на антитрустовските правила на ЕУ за огласување на интернет.