(ВИДЕО) Клупскиот автобус на Реал Мадрид нападнат на патот кон „Енфилд Роуд“ – ММС
ММС

Објавено на: 04/14/21 8:00 PM

(ВИДЕО) Клупскиот автобус на Реал Мадрид нападнат на патот кон „Енфилд Роуд“

Не е сцена од полуфинале во Копа Либертадорес, или пак од дербито помеѓу Бока Јуниорс и Ривер Плејт. Сцена е од Европа, од „колевката на фудбалот“.

Клупскиот автобус на Реал Мадрид е нападнат од засега непознати сторители на патот кон „Енфилд Роуд“, пренесоа шпанските медиуми. Според „Cadena Sport“ кон автобусот е испалена ракета и е скршен прозорецот на автобусот, но подоцна останатите медиуми објавија дека се работи за напад со камен или друг тврд предмет.

Сомнежите одат во насока на навивачите на Ливерпул, чиј тим вечерва од 21:00 пред празни трибини ќе се соочи со Реал Мадрид во 1/4 финалето од Лигата на Шампионите. Екипата на Јурген Клоп во првиот дуел на „Алфредо Ди Стефано“ загуби со 3:1.

Нешто слично се случи во 2018 година кога автобусот на Манчестер Сити беше нападнат исто така на патот кон стадионот на Ливерпул во пресрет на првиот дуел од 1/4 финалето помеѓу двата англиски претставници.

Како и дали ќе реагира УЕФА, ќе видиме во следните денови.

 

 

д.ј