Од почетокот на пандемијата на коронавирусот, онлајн состаноците, средбите, предавањата во училиштата и факултетите, обраќањата кон јавноста, интервјуата, станаа секојдневние.
Во тоа секојдневие, очекувано е да се случуваат невообичаени и урнебесни ситуации. Таква го затекна и професорот од Србија кој имаше онлајн предавање и истото мораше да го прекине поради…ползењето на сопругата со цел да излезе од просторијата во која тој се наоѓа.
Видео-часот беше накратко прекинат, а професорот на природен и искрен начин се соочи со тој детаљ, објаснувајќи ја вистинската причина за кратката, но поприлично непријатна пауза помеѓу двете реченици.
-Што се однесува до хемохроматозата…морав да прекинам, сопругата ползеше за да излезе од собата. Она црвеното што го гледате, тоа е мојата жена, реагираше професорот.
Hahahaahahahahahahhaha pic.twitter.com/EHDW9aLF5L
— Neguj mo srbski (@Neguj_mo_srbski) April 13, 2021
Симпатичниот и смешен момент се рашири многу брзо по социјалните мрежи, а сопругата на професорот најверојатно сега го сфати она правило на сопружниците „и во добро и во зло“.
д.ј