Бојко Борисов нема да биде предлогот на ГЕРБ за нов премиер. Борисов ова лично им го потврди на новинарите во Велико Трново, каде отиде веднаш по седницата на владата, соопшти BGnews.
-Ќе биде предложен друг предлог со јасна НАТО и европска ориентација, одговори Борисов на новинарско прашање за имињата за состац на новата бугарска влада. Премиерот при тоа, беше прилично лут:
-Јас ќе кажам кога ќе ми го дадат мандатот, ќе кажам кога ќе бидеме подготвени според Уставот … ќе кажам кога доаѓа време, луто му одговори на новинарот.
И од Велико Трново, Борисов го повика водачот на „Има таков народ“ Слави Трифонов да преземе одговорност.
Премиерот изрази незадоволство од тишината на шоуменот, иако призна дека тоа е „стратегијата што ја избраа“.
Според Борисов, нема ништо изненадувачки во големиот број гласови што ги собра ИТН. Резултатот на Слави Трифонов не е случаен, според Борисов, по години присуство во во ударно време во националниот етер.
BGnews