Драги Рашковски, поранешнниот Генерален секретар во Владата и актиелен советник, десна рака на премиерот Зоран Заев, изутрината си поднел неотповиклива оставка. Во пишаниот документ што го сподели на својот Фејсбук профил вели дека тоа го прави да го зачува достоинството и интегритетот, но жали што нема да се примени софтверот, што значеше зачувување на човечките животи.
Со оставката порачува:„Вистината нека се провери преку институциите. Нема затскривање позади функции. За лажните вести најдобро искуство да го преточиш во научен труд е преку лично искуство. Се надевам лажните вести ќе престанат, зошто нивното негативно влијание не штети само лично. Вистинската причина за повлекувањето е наведена во самото писмо. Се поразлично од тоа е лажна вест, пишува Рашковски.
Обвинителството го испитува случајот со јавната набавка на софтверот, потпишана од Рашковски, а истражители влегоа во фирмата Инвока, која го изработи софтверот.
Изминатите неколку дена новинарите пишуваа за скапиот џип што го вози Рашковски, а вчера стигна и информацијата дека гради хациенда на име на неговите малолетни деца.
фото:ФБ