(ВИДЕО) Нагетси остануваат без еден од најдобрите кошаркари, Мареј ја завршува сезоната – ММС
ММС

Објавено на: 04/13/21 9:08 PM

(ВИДЕО) Нагетси остануваат без еден од најдобрите кошаркари, Мареј ја завршува сезоната

Лоши вести пристигнуваат од Колорадо. Пред плеј-офот во НБА лигата, Денвер Нагетс останува без еден од своите најдобри поединци. Плејмејкерот на екипата од Западот, Џамал Мареј, поради тешка повреда ќе мора предвреме да ја заврши сезоната.

Канаѓанецот ги скинал предните вкрстени лигаменти на левото колено на мечот против некогашниот шампион Голден Стејт Вориорс. Мареј на 50 секунди до крајот на натпреварот заработи повреда која честопати значи и крај на кариера и во големи болки беше изнесен од паркетот.