Сообраќајна незгода на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, едно лице го загуби животот – ММС
ММС

Објавено на: 04/13/21 6:46 PM

Сообраќајна незгода на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, едно лице го загуби животот

Денеска околу 15:50 во СВР Тетово е пријавена сообраќајна незгода на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, во близина на Ростушки мост. Во незгодата учествувале патничко моторно возило „Хјундаи Акцент“ со скопски регистерски ознаки, управувано од 68-годишен скопјанец и товарно возило „влекач“ со српски ознаки, управувано од 52-годишен странски државјанин од Панчево.

Возачот на патничкото возило починал на самото место, а тројца сопатници од истото возило, исто така од Скопје, на возраст од 26, 30 и 34 години, пренесени се во Скопје за укажување лекарска помош.

На местото на незгодата увид врши Јавен обвинител и екипа од ОВР Гостивар.