– Европската комисија и додели дополнителни 37,5 милиони евра за подобрување на условите за прием на мигрантите во Грција.
Грчките власти ќе добијат 31,1 милиони евра за активности како здравствената грижа за мигрантите, преведувачките услуги и исхраната, како и за подобрување на инфраструктурата во приемниот центар во Филакио, соопшти ЕК.
Дополнителни 6,4 милиони евра и се доделуваат на Меѓународната организација за миграција (ИОМ), исто така за подобрување на условите на прием на мигрантите во Грција.
Извор:МИА