Италијанката Бјанка Колајани тврди дека го препознала нејзиниот син кој бил киднапиран на 21 јуни 1977 година на полуостровот Саленто во областа Пула, кај шеикот Мохамед ал Хабтур (52), син на магнатот од Обединетите Арапски Емирати.
Бјанка денес за италијанскиот весник „Кориере де ла Сера“ изјави дека го препознала својот син Мауро Роман, кој имал шест години за време на киднапирањето, во арапскиот шеик по лузните на веѓите и десната рака што ги добил од железо, јавува Анса.
„Се надевам дека е тој, затоа што тоа би значело дека тој е жив и не е убиен“, рече таа.
Италијанските медиуми наведуваат дека ДНК-тестот ќе ја реши мистеријата, но дека емирот одбил да го изврши тоа.
Роднините на Мауро сега планираат да патуваат во Дубаи и со помош на италијанскиот конзулат да го принудат шеикот да го полага тестот.
Како што се наведува, родителите никогаш не престанале да го бараат својот син.
Благодарение на нивната упорност, истрагата никогаш не била запрена, а неодамна било откриено дека наводниот киднапер е 79-годишен поранешен бербер, кој го киднапирал момчето и го дал на луѓе кои сè уште не се идентификувани.
Извор: Курир.рс