Фраерлукот му излезе низ нос – Инфлуенсер стисна на гас и искрши БМВ од 120.000 евра – ММС
ММС

Објавено на: 04/13/21 12:40 PM

Фраерлукот му излезе низ нос – Инфлуенсер стисна на гас и искрши БМВ од 120.000 евра

Неименуван млад инфлуенсер од „Инстаграм“ минатиот викенд во трговски центар во Белград, речиси на прав пат успеа да го искрши жолто-зеленото BMW M4 од 510 коњски сили, вреден дури 120.000 евра.

Сведоци на сцената билр бројни минувачи кои виделе како неискусниот возач изгубил контрола над моќната машина и со неприлагодена брзина се забил во бандера.

За среќа нема повредени, но штетата на возилото е голема.

Како што се воспостави, овој млад инфлуенсер од „Инстаграм“ е фотограф кој, меѓу другото, снима луксузни автомобили, па на неговиот профил на Инстаграм има и слики од моделот БМВ М3.

Според првичните информации, неискусниот возач се движел со голема брзина за време на несреќата кога изгубил контрола од 510 коњски сили и удрил во бандера за јавно осветлување.

Доказ за тоа се фотографиите направени веднаш по несреќата, на кои се гледаат долги траги на сопирање на патот.

 

Извор: Курир.рс