Мијалков доби осум години затвор за „Трезор“ – ММС
ММС

Објавено на: 04/13/21 12:50 PM

Мијалков доби осум години затвор за „Трезор“

Денеска Основниот кривичен суд во Скопје ја соопшти пресудата за предметот „Трезор“, кој се однесува на злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.

Првообвинетиот, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР,  Небојша Стајковиќ, и поранешениот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски, се прогласени за виновни.

Тројца се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања, а Тони Јакимовски за помагање.

Мијалков доби единствена казна затвор од осум години.

Горан Грујевски доби единствена казна затвор од 15 години, Небојша Стајковиќ доби 5 години, а Тони Јакимовски единствена казна од пет години.

Исто така се бара сите обвинети солидарно да ја надоместат штетата од околу 600.000 евра во државниот буџет.