Според Националниот изборен совет на Еквадор, десничарот Гиљермо Ласо победи на претседателските избори во Еквадор, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во Еквадор, преброени се 97,41 процент од гласовите. Според неофицијалните резултати, кандидатот на Политичкото движење за создавање можности (CREO), Ласо, освои 52,52 проценти од гласовите, а Арауз, левичарот од Коалицијата „Единство за надеж“ (UNES), освои 47,48 проценти од гласовите.
Во своето обраќање по победата, истакнувајќи дека ова е историски ден за Еквадор, Ласо рече: „Денес, Еквадорците ја изгласаа својата иднина, користејќи ги своите демократски права. Тие со своите гласови ја покажаа потребата за промена. Ги истакнувам моите најдобри желби за сите. Ќе работиме заедно за демократска земја.“
Заблагодарувајќи им се на оние што го поддржуваат, Ласо истакна дека немаат намера да се одмаздат на никого: „Сакам да ги видам слободни сите Еквадорци, не плашете се да му се спротивставите на претседателот.“
Левичарскиот кандидат Арауз го призна поразот и рече: „Еквадорците од денес мора да се обединат за еден Еквадор. Да живее Еквадор.“
Кандидатот на левата партија, Ленин Морено, победи на последните претседателски избори во Еквадор на 3 април 2017 година, во вториот круг.
Ласо на претходните избори за многу мал број гласови загуби од Морено.