Португалскиот крилен напаѓач кој сезонава е мини-откровение во Премиер Лигата, Педро Нето, ќе отсуствува од терените шест месеци, соопштија денес од неговиот матичен клуб.
Нето во последниот дуел против Фулам беше заменет уште во првото полувреме поради повреда на пателата, односно коската на предното колено. По увидот на специјалист во Лондон, закажана е операција, а некогашниот фудбалер на Лацио ќе мора да мирува најмалку шест месеци.
Оваа вест ќе претставува удар врз дваесет и едногодишниот играч кој важи за еден од најталентираните во Премиер Лигата, но и удар врз неговите амбиции за остварување поголем трансфер претстојното лето и настап на Европското првенство 2020.
Португалецот сезонава на 35 меча за Волвс во сите конкуренции, има забележано пет голови и пет асистенции, што претставува сосема солидна статистика со оглед на тоа дека „волците“ во оваа кампања се поприлично неефикасни и играат непрепознатлив, по малку и ригиден фудбал предизвикан од повредата на нивниот најдобар индивудалец, Раул Хименез.
Фото:
manunitedcore.com