УЕФА ќе ги „чешла“ српските тимови поради сомнеж за наместени натпревари во домашното првенство – ММС
ММС

Објавено на: 04/12/21 7:23 PM

УЕФА ќе ги „чешла“ српските тимови поради сомнеж за наместени натпревари во домашното првенство

Во Фудбалската федерација на Србија пристигнат е допис од европската куќа на фудбалот за сомнеж за шест однапред наместени натпревари во домашната „Линг-Лонг“ СуперЛига.

Иако на почетокот кога се појави оваа информација во јавноста се шпекулираше за само два „договрени резултати“, српските медиуми денес соопштија дека на листата сомнителни натпревари се додадени уште четири.

Причините за „местење“ генерално се поради обложувалници и уплати на големи суми, но УЕФА ќе го истражува и добропознатиот принцип на овие простори, т.н „три за три“, во кој домаќините независно обезбедуваат по три бодови.

Листата на спорни дуели која ја објави српски „Данас“ се состои од следните натпревари, одиграни во изминатиот месец:

Mладост-Златибор 0:2 (трети март, 25 коло)

Мачва-Пролетер 3:1 (седми март, 26 коло)

Рад-Радник Сурдулица 2:0 (21 март, 28 коло)

Нови Пазар-Пролетер 5:0 (21 март, 28 коло)

Младост-Раднички Ниш 4:1 (втори април, 29 коло)

Рад-Војводина 2:0 (седми април, 30 коло)

 

 

 

 

Фото:

novosti.rs