Англиската Фудбалска асоцијација попладнево соопшти дека по консултациите со Владата, донела препорака да не се игра фудбал на терените во Англија во сабота за време на погребот на принцот Филип.
Последниот поздрав за принцот Филип, Војводата од Единбург, ќе биде на 17-ти април во сабота во периодот од 15:45 до 17:15, a токму поради тоа ФА предлага да се паузира фудбалот накратко и да се направи промена во распоредот на натпреварите.
Иако претходно денес беше извесно дека полуфиналниот дуел во најстарото светско фудбалско натпреварување, ФА Купот, помеѓу Челзи и Манчестер Сити ќе заземе место порано во денот, а не во 18:30, сепак англиските „тешкаши“ ќе се судрат во предвидениот термин, потврдиja четвртфиналистите во Лигата на шампионите.
Сите знамиња на „Вембли“ ќе бидат спуштени на половина копје, идентично како и на останатите спортски гледалишта.
Принцот Филип почина во петокот на 99-годишна возраст.
Фото:
foottheball.com