На инфективните оддели има 1735 пациенти со Ковид-19, во Скопје за 24 часа 49 хоспитализирани – ММС
ММС

Објавено на: 04/12/21 4:37 PM

На инфективните оддели има 1735 пациенти со Ковид-19, во Скопје за 24 часа 49 хоспитализирани

Вкупно 1735 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови. Има околу 340 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 49 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 726 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем број од пациентите се на кислородна поддршка.

Во ковид – центрите во болниците во другите градови во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 1009 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во последното деноноќие, во Скопје на Интерните и хируршки клиники имало 27 приеми.

Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември” имало три примени пациенти, а девет биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени нови болни, а двајца пациенти биле примени на Клиниката за детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени седум пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 18 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид – центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември” има вкупно 143 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 153 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 пациенти. На Клиниката за детски болести има 16 деца позитивни на Ковид-19, а на ГАК има 13 позитивни пациентки. Во Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 57 болни.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и изутрината до 8 часот имало 65 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 140 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 85 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 41 пациент, во Велес се лекуваат 99 болни, а во Куманово 111 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид – центарот во Охрид се хоспитализирани 100 пациенти, во Прилеп 124 во ковид – центарот во Гостивар 44, а во Струга 22 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 96 пациенти, во Кочани 29, во Кичево 33, Кавадарци 61, а во Гевгелија 24 лица позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.