Кривопаланечките советници добија преносни компјутери за поголема ефикасност – ММС
ММС

Објавено на: 08/1/18 10:48 AM

Кривопаланечките советници добија преносни компјутери за поголема ефикасност

Преносни компјутери за поефикасна работа на општинскиот совет и електронска достава на материјалите ,добија советниците од Крива Паланка од градоначалникот Борјанчо Мицевски и Претседателката на Советот  Изабела Павловска.Во изјава на Канал 77, Павловска вели дека во наредниот период материјалите потребни за одржување на седниците на Совет и Комисиите,општинските советници ќе ги добиваат по електронски пат а се во насока на осовременување, модернизација и зголема ефикасност на нивната работа ,намалување на трошоците за умножување и достава, заштеда на материјалот за печатење и пренос.

– Е совет е новина која ја воведе градоначалникот Борјанчо Мицевски,при што секој од советниците е задолжен со лап топ и повеќе материјалите за седниците нема да ги добиваме во пишана верзија во хард копи,туку електронски,со тоа ќе се овозможи полесна и побрза комуникација на советниците со општинската администрација а воедно и самите општински службеници нема да имаат обврска да ни ги доставуваат материјалите,вели Павловска.

Инаку во тек е реконструкција на големата сала на Советот и познатата мала сала во зградата на локалната самоуправа, информира Павловска.

-Во тек е изградбата на општинска сала или сала за совети каде нормално ќе има приклучок и сите совети ќе бидат водени на тој начин.Неколку седници на совет одржавме во Градскиот Музеј,потоа во ООУ Илинден а веќе подолг временски период седниците ги одржуваме во СОУ Ѓорче Петров.Активностите околу реконструкцијата се во тек дали ќе биде септември или октомври се надеваме дека до пред крајот на годината ќе завршат и потоа таму редовно ќе си го држиме седниците,изјави Павловска.

Со овие зафати се очекува општината да добие модерна сала која освен за седници на совет ќе се користи и за други намени.Активностите се дел од проектот Промоција на туристичките атракции во 3Д финанасиран од ИПА програмата на ЕУ. Со имплементација на овој проект општината ќе добие најсовремена сала за 3Д презентации опремена со најсовремена ИТ опрема, како и подобрување на условите за работа и поголема транспарентност.

Билјана Тошевски