Германската канцеларка, Ангела Меркел се’ уште не е вакцинирана против коронавирусот. Таа требало да се вакцинира вчера, но тоа не се случило – пренесува германскиот весник Билд. Весникот наведува дека во центарот за вакцинација Tempelhofer Feld било запишано името на канцеларката Меркел, за вакцинација. Медиумот објави дека и датумoт на раѓање 17.07.1954 година се совпаѓа целосно со нејзините податоци.
Инаку, во овој центар се користи исклучиво вакцината на АстраЗенека. Како што пишува Билд, терминот е откажан преку платформата за закажување. Портпаролот на германската влада, Штефен Зајберт не сакаше да се изјасни во врска со ова.
„Канцеларката во догледно време ќе се вакцинира и јавноста за тоа ќе биде информирана“, додаде тој.
Меркел повеќе пати изјави дека го чека својот ред за вакцинирање, за разлика од многу политичари кои се погрижија за тоа да се имунизираат меѓу првите, наведувајќи дека со тоа сакаат да создадат доверба кај граѓаните во однос на вакцините. Можната причина за откажување на терминот за вакцинација, според Билд, е важниот состанок закажан за денеска во врска со идниот кандидат на Христијанско-демократската унија за функцијата канцелар.
Фото: Instagram / Angela Merkel
Извор: alo.rs