Од каде бре толку пари владиците да се лекуваат приватно? – прашува професорката Најчевска – ММС
ММС
Мирјана Најчевска / Извор: Youtube

Објавено на: 04/12/21 11:15 AM

Од каде бре толку пари владиците да се лекуваат приватно? – прашува професорката Најчевска

Професорката и експерт за човекови права, Мирјана Најчевска жестоко реагираше на веста дека владиците Петар и Агатангел се лекувале од Ковид-19 во една од приватните болници во Македонија.

„Прво, држи кревет на некој на кој навистина му треба. Второ, покажува апсолутна недоверба кон шефот. Трето, од каде бре толку пари кај некој кој се откажал од материјалното во име на духовното?, реагираше Најчевска на социјалните мрежи.

Владиката Петар и Владиката Агатангел биле хоспитализирани откако биле тестирани позитивни на Ковид-19.

Владиката Петар не бил на кислородна поддршка, но бил хоспитализиран од 23 март превентивно за да се спречат можни компликации, додека повардарскиот митрополит Агатангел бил хоспитализиран пред некој ден и е во стабилна состојба.