Приведени дилери кај Сопот, запленет хероин – ММС
ММС

Објавено на: 04/12/21 8:32 AM

Приведени дилери кај Сопот, запленет хероин

Вчера во попладневните часови, на автопатот Скопје-Велес, во близина на наплатната рампа кај с.Сопот, полициски службеници од Одделот за кримниналистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во соработка со СВР Велес ги лишија од слобода А.К.(44) од Прилеп, кој управувал патничко возило „опела зафира”, во кое сопатник бил А.Т.(30) од Прилеп, бидејќи при извршен преглед е пронајдено поголемо полиетиленско пакување со хероин.

Лицата се приведени во полициска станица и по насока на Јавен обвинител против нив ќе биде поднесена кривична пријава, поради постоење основано сомнение дека извршиле кривично дело предвидено и казниво по чл.215 од Кривичниот законик – соопшти денеска МВР.