(Видео) Пандев и Буфон се „договараат“ кога ќе одат во пензија – ММС
ММС

Објавено на: 04/11/21 6:31 PM

(Видео) Пандев и Буфон се „договараат“ кога ќе одат во пензија

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев по подолго време не беше стрелец на гол против својот „омилен“ тим Јувентус. Гранде Пандев играше до 60-та минута за Џенова, но неговиот тим во Торино загуби со 1:3.

Нашиот фудбалер беше ноќна мора за легендата на Јувентус, Џиџи Буфон кој овојпат беше само резервен голман, но нивното ривалство со годините прераснало во пријателство кое го потврдија и денес во Торино.

Камерите ги уловија Пандев и Буфон во пријатен разговор кој заврши со слатка смеа. Бидејќи не е познато што точно разговараа, коментаторите на мечот имаа одговор.

– Сигурно си велеле еден на друг, Горан ти кога ќе се пензионираш? А, ти Џиџи кога ќе се пензионираш – се шегуваа коментаторите на натпреварот затоа што знаат дека двете легенди на италијанскиот и македонскиот фудбал заедно имаат 80 години и иако се пред пензија, се уште играат на врвно ниво на што можат да им завидуваат и две децении помлади фудбалери.

Извор: ESPN Twitter