Пред да влезе во рингот позираше во долна облека, а по мечот не можеше ни сама да се препознае – ММС
ММС

Објавено на: 04/11/21 4:53 PM

Пред да влезе во рингот позираше во долна облека, а по мечот не можеше ни сама да се препознае

„Мислам дека срушив интернетот“, порача австралиската боксерка Ебани Бриџис (35) после мерењето во пресрет на борбата за титулата во бантам категоријата против Шенон Кортни.

Австралијката на мерењето се појави во чипкаста долна облека и своите атрибути ги покажа на цела јавност. Но, после рингот не и беше до зафрканција затоа што британската боксерка толку ја истепа што и го промени личниот опис.

Шенон Кортни го освои појасот во бантам откако победи со едногласна судиска одлука. Доминираше низ мечот, а доказ за тоа се модринките и отоците на лицете на нејзината противничка.

Бриџис беше непрепознатлива, левото око и беше целосно отечено, па со него не можела да гледа во последните три рунди.

– Таа сака да зборува и да се покажува, но јас сакам да се борам. Сега е време за борба и јас таму ќе заблескам – и порача Шенон на Ебани на мерењто и своето ветување подоцна го исполни.

 

Победата беше уште послатна затоа што Бриџис ја провоцираше Шенон Кортни така што на мерењето на тежина сакаше да и и го подари шорцот од својот татко, а во танга се појави затоа што сакаше да ги привлече мажите и да докаже дека женскиот бокс би можел да биде интересен.

И покрај поразот, атрактивната Бриџис не очајуваше.

– Не победив, но се борев со цело срце. Не можев да гледам во последните три руни, но не си замерувам  ништо. И честитам на Шени. За танго се потребни двајца и затоа се надевам дека покажавме дека и убавите девојки жестоко се борат – порача Австралијката на која ова и беше прв пораз во шестиот меч.

извор: 24sata.hr

фото: Инстаграм, essentiallysports.com