Во куќа во Лос Анџелес биле пронајдени тела на три убиени деца, а нивната мајка Лилијана Карилјо (30) била уапсена и осомничена за свирепото злосторство.
Телата на децата ги пронашла нивната баба, соопшти полицијата во Лос Анџелес.
Најголемото дете имало три години, средното две години, а најмалото било шестмесечно бебе. Полицајците во Лос Анџелес на новинарите им рекле дека ваква сцена никогаш досега немале видено.
„Ова се сцени кои остануваат во нас во текот на целата кариера. Како полицаец, тешко ми е да сфатам што видов“, изјавил поручникот Раул Џоел.
Веднаш по иницијалните информации за грозниот чин, мајката била забележана како краде автомобил, но брзо била уапсена.
Познато е дека децата биле избодени со нож, но точните причини за смртта, како и мотивот, се уште не се потврдени, соопшти полицијата во Лос Анџелес.
UPDATE:
Liliana Carrillo has been taken into custody in the Ponderosa area of Tulare County. https://t.co/AhMdgVTG9d
— LAPD HQ (@LAPDHQ) April 10, 2021
Извор: Mondo.rs
Фото: LAPD Twitter, .the-sun.com